Во нашето училиште активно работи и Информатичката Секција. Во текот на последните години учениците од нашето училиште на натпреварите по Информатика ги освојуваат првите места во Македонија. Во 2011 година на државниот натпревар по Информатика , ученици од нашето училиште ги освоиа првото и второто место. Инес Лесновска го освои првото место , а Исидора Овезоска го освои второто место. Ученичката Инес Лесновска имаше и најдобар изработен проект(мултимедијална презентација) и го презентираше пред многубројна публика пред домот на културата во Радовиш. Во 2012 год. на државниот натпревар по Информатика повторно учениците од нашето училиште ги освоиа првото второто и третото место. Ева Касниоска имаше најдобро изработен проект и го презентираше пред многу бројната публика во домот на културата во Кавадарци.