Секции Слободни активности за проширувања на знаењата по оделни предмети

Ноември месец на науката

uyguyg

На научниот настан "Ноември месец на науката", организиран од "Друштвото на физичари на РМ" кој се одржа на 12 и 13 ноември, учество зедоа Хемичарите од нашето училиште, предводени од нивниот наставник Кети Иваноска. Целта на настанот е промовирање на природно-математичките науки и научните истражувања. Нашите млади научници-хемичари, за настанот интензивно се подготвуваа и со своите експериментаторски вештини ги освоија членовите на комисијата и постигнаа врвни резултати: Стефана Џамбазовска и Делфина Апостолоска освоија ПРВО место во хемиски демонстрации, Бојана Кузманоска освои ВТОРО место во хемиски демонстрации и ВТОРО место на тест на знаење.