Хорското пеење е составен дел на музичкото образование во основните училишта. Тука доаѓа до израз желбата на учениците кои ја сакаат хорската музика и имаат можност да ја негуваат и усовршуваат. Секогаш обработувајќи различни тематики како прошетка низ музичките стилски правци , македонската евергрин музика и сл. хорот ја презентира пред пошироката јавност убавината која ја дава хорското пеење. Во нашето училиште активно работат и хорот и мандолинскиот оркестар под раководство на наставникот по музичко образование Љупчо Мирчески. Мандолинскиот оркестар при нашето училиште во изминатите седум години ги освојува првите места на регионалните натпревари во мандолински натпревари и хорови.