Проект: Социјална инклузија на загрозени ученици

мај 4, 2018 0 By admin

Овој проект вклучува пет училишта од  Романија, Италија, Македонија, Португалија и Турција. Ќе се работи со ученици помеѓу 12 и 17 години. Проектот се фокусира на проблемите на социјална исклученост. За да се постигне оваа цел на инклузијата ние ќе употребуваме нови стратегии и методи на предавања за соработка и вклученост во училиштата за време и во текот на слободните активности. Овај проект се однесува на конкретните потреби на учениците според анализата на потреби што се одржа во сите партнерски училишта. Како проектна група, ние дискутиравме и дефиниравме 4 проблеми кои може да се причината за училишниот неуспех:

1-Недостаток на социјална инклузија

2- Недостаток на основни вештини

3- Недостаток на поддршка од родителите

4- Недостаток на економско – социјални услови

Покрај тоа, секое  училиште има различни добри практики во училишните програми. Овие добри практики ќе бидат набљудувани и следени од страна на наставниците и ќе се пренесат по проценката.

Погоре спомнатите четири пречки се главната тема на проектов. Ние не само што ќе се сретнеме, ќе организираме слободни активности, ќе дискутираме за проблемите на нашите ученици исто така ќе воведеме нови стратегии во текот на двете години. Овој проект е создаден за да резултира со решенија за учениците со предходно спомнатите проблеми. Како едукатори ние сме постојано заложени  да им помогнеме на учениците за да ги решат проблемите со кои подобро ќе се однесуваат.

Пред да го создадеме овој проект ние имавме период во кој раборевме на нови стратегии и дефиниравме 5 нови за да ги користиме во овој проект. Секој партнер ќе примени еден од овие методи во нивното училиште, ќе ги  набљудува и оценува исходите. Во текот на средбите ќе бидат дискутирани овие исходи од страна на сите партнери и ќе се пренесуваат еден на друг. До крајот на проектот, ќе бидат применети и оценети 5 стратегии. Според набљудувањето и резултатите, партнерите ќе продолжат да ги користат овие стратегии и методи во нивните училишта. Од друга страна ќе се создаде методолошка книга од страна на партнерите која ќе го вклучи практичното искуство, набљудувањата, оценуваењата и резултатите. Оваа книга ќе биде извор за секој кој ќе сака да надмине социјална исклученост и недостатокот на основни вештини.

Цели

  • Да промовира инклузија на досега невклучените ученици, кај тие кои има недостаток на основни вештини, ризик за да прекинат со школувањето, оние со посебни потреби преку помагање за нивна интеграција во традиционалното образование и општество.
  • Да применат нови стратегии за надминување на социјалната исклученост, недостатокот од основни вештини и проблемот со прерано прекинување на школувањето
  • Да се воведат нови методи во полето на социо-емоционалниот развој на детето како дел од програмата за учениците со специјални образовни потреби .
  • Да се создаде стимулативна средина за учење и пристапи за поддржување на социо-емоционалниот развој на децата.
  • Да се овозможат (осигураат) различни методи на образование и споделување на добри практики за наставниците.

Критериуми за вклучување на поединци во проектот:

Наставници:

  1. Писмо за намера
  2. Познавање на англиски јазик и комуникациски вештини – интервју
  3. Согласност/договор за вклучување во проект (обврски, задачи, активности)
  4. Согласност/договор за реализирање на мобилност (обврски, задачи, активности)

 

Ученици:

  1. Прашалник
  2. Познавање на англиски јазик и комуникациски вештини – интервју
  3. Согласност/договор за вклучување во проект (обврски, задачи, активности)
  4. Согласност/договор за реализирање на мобилност (обврски, задачи, активности)

Коментари