Прием на првачињата во Детската организација

Прием на првачињата во Детската организација

октомври 9, 2018 0 By admin

Во Рамките на Детската недела / 01.до 07. Октомври 2018 година / под мотото,„Градиме мостови, чекориме напред!“ се спроведе приемот на првачињата во Детската организација. Првачињата со радост ја следеа програмата која им ја подготвија повозрасните членови на Детската организација. Имаа можност да се запознаат со детските права кои илустративно им ги подготвија учениците од петтите одделенија. Придружувани од своите наставници, родители и други гости со гордост го ги кажуваа стиховите од детското ветување.

ВЕТУВАЊЕ

Во овој момент в

Ветувам на сиот глас

Дека моите наставници

Ќе ги почитувам јас.

Секоја задача ќе се обидам

Со леснотија да ја решам

Но ве молам, простете,

Ако некогаш згрешам.

Во овој момент

давам чесен татковински збор

Ќе се дружавм со другарчињата

Во училишниот двор.

 

Коментари