НОВОСТИ Новости Одбележан денот на Франкофонијата

Одбележан денот на Франкофонијата

naslovnaПо повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Франкофонијата 20 март, во Прилеп се одржа Франкофонска вечер под наслов “Звуците на Франкофонијата“.

Организатори на франкофонската вечер беа ООУ „Гоце Делчев“-Прилеп и професорката по француски јазик Ирена Наумоска. Со пригодна програма се претставија младите франкофони од ООУ „Гоце Делчев“ како и ученици од другите основни и средни училишта од Прилеп:„Климент Охридски“, „Кире Гаврилоски-Јане“, „Блаже Конески“, Гимназија „Мирче Ацев„ и СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.На франкофонската вечер присутните уживаа во звуците на француската песна, поезија, театар и уметност преку настапот на ученици од различни возрасти.Официјално беше прикажана проекцијата на etwinning репортажата за ООУ „Гоце Делчев“ реализирана од страна на младите франкофони од ООУ „Гоце Делчев“ - Прилеп кои ги претставија просториите и дел од персоналот во училиштето на француски јазик. Овој видео филм беше снимен во рамките на etwinning проектот “Палати и замоци во Европа- легенди и приказни“. ООУ „Гоце Делчев“ како промотор на програмата за Доживотно учење при Националната агенција за европски образовни прашања и мобилност ни даде можност нам на наставниците да се регистрираме на Etwinning порталот, а со тоа да соработуваме со нашите колеги од другите европски држави работејќи на заеднички проекти, да разменуваме добри идеи и практики од наставата, но и истовремено директно да ги вклучуваме нашите ученици во овие проекти со што тие не само што го подобруваат своето знаење по странски јазик туку тие можат во иднина да аплицираат за грантови или студиски размени и сл. – ни рече професорката Наумоска.По прикажувањето на etwinning репортажата беа доделени пофалници и благодарници за сите учесници и реализатори во проектот кои ги додели Здружението на професори по француски јазик на РМ, а ги врачи претседателката на Здружението Ирина Бабамова. Од страна на Националната комисија за Франкофонија при Министерството за образование беше подарен печатач за ООУ „Гоце Делчев“ како поддржувач и афирматор на etwinning проектите на француски јазик. На франкофонската вечер приуствуваа и официјални претставници од Француски институт од Скопје: Аташето за француски јазик г-дин Пол Сулигу (Paul Souligoux) и г-ѓа Сузана Пешиќ кои изразија задоволство и желба за продолжување на традицијата за одбележување на деновите на Франкофонијата.- Оваа година на Конкурсот за писмен состав по француски јазик организиран од Здружението на професори по француски јазик на РМ, во соработка со Француски институт зедоа учество 8 ученици, а на наше огромно задоволство имаме две освоени награди: 2 место - ученичката Ангела Зероска 7-г/9 и 3 место ученичката Тамара Дамеска 7-д/9. Наградите им беа врачени на Франкофонската вечер во Домот на АРМ во Скопје на 29 март 2013. Оваа година ќе учествуваме и на државниот натпревар по француски јазик “Олимпијади по француски јазик“ на 20 април 2013 со надеж дека ќе постигнеме добар резултат. Во пресрет на училишните смотри нашите ученици со особено задоволство одбираат да пеат француски песни или да рецитираат француска поезија. Со еден збор нашите ученици се среќни што го учат и зборуваат овој светски јазик, јазикот на поезијата, уметноста, музиката и љубовта – рече професорката Ирена Наумоска.

Франкофонија и доделување на награди Франкофонија и доделување на награди Франкофонија и доделување на награди Франкофонија и доделување на награди Франкофонија и доделување на награди