E-Twinning

Кои се придобивките?

Со регистрирањето на  etwinning порталот на Националната Агенцијата за европски образовни програми и мобилност  наставниците од сите Европски земји добиваат можност за соработка на најразлични проекти

,размена на идеи и добри практики од работата со еден збор поврзување на нашиот образовен систем со образовниот систем од другите европските земји .

Придобивките од учество на Еtwinning проектите  и Комениус програмата се огромни како за професионалниот развој и надградба на наставниците така и за унапредување на знаењето и комуникацијата  на нашите учениците со нивните врсници во Европа.

Јас и моите ученици моментално учествуваме на 4 активни проекти :“Културно патување“,“Прозорци на светот“,“Замоци и палати  во Европа“-митови и приказни, како и на последниот во низата “Да комуницираме преку вкусот на традиционалните јадења“.

Како работат нашите etwinnersi?

Во секој проект се предвидуваат месечни активности а  почетокот на секоја учебна година почнува со допишување и запознавање на учениците од сите европски земји.

Покрај комуникацијата преку  писма исто така направени се и видео презентации на тема: Мојот град,Тврдините во Р. Македонија,Природните богатства на Р.Македонија,електронска книга со рецепти од Македонаката кујна,видео записот :“Младите франкофони од ООУ Гоце Делчев“,во кој што неколку ученици ги претставуваат просториите и персоналот од училиштето на француски јазик.За секој etwinning проект имаме сертификат како и сертификат-Знак за квалитет за работа на проектот “Замоци и палати во Европа“-митови и приказни.

На овој начин учениците не само што го подобруваат своето познавање на францускиот јазик туку им се отвара можноста во иднина да аплицираат на најразлични проекти и да станат потенцијални корисници на  грантови од страна на Националната Агенција.Затоа на сите наставници и ученици им препорачувам да станат дел од европското семејство на наставници и ученици.