НОВОСТИ

Продолжен престој

IMG 0845Реализирана е креативна работилница со учениците во продолжениот престој под наслов „Што ни донесе есента". Во работилницата најдоа примена техниките од ЈП и Математика со размислување(асоцијација, наставникот чита на глас, менторски текст, описен јазик, сложувалка, добројување). Учениците од I и III одд. од продолжениот престој решаваа задачи, опишуваа, интерактивно пишуваа. На тој начин ликовно и говорно се изразуваа за годишното време Есен. Активностите беа прилагодени спрема возраста, исто така и формите на работа предходно беа осмислени(индивидуална, групна). Секоја група од ученици беше водена од наставник или претставник на стручната служба.

Новогодишен базар

IMG 20161228 082734

   На ден 28.12.2016 година се организираше Новогодишен базар со учениците од одделенска и предметна настава и во соработка со родителите на нашите ученици. На украсените штандови беа изложени најразлични креативни изработки. Базарот беше посетен од голем број на родители и други заинтересирани роднини и пријатели на учениците. Средствата од продажната изложба ќе бидат наменети за набавување на нагледни средства за потребите на наставата.

Интервју со Трајче Каралиоски директор на ООУ “Гоце Делчев” - МАРКУКУЛЕ

Основното општинско училиште “Гоце Делчев” од Прилеп е еден дел од успешната приказна што значи 10 милиони евра вложување во образованието во Општина Прилеп во изминатите 10 години.

Повеќе...

Третонаградена еко фотографија

kilh

На петтиот конгрес на еколози, со меѓународно учество, организиран од македонското друштво на еколози, од стотина експерти од своите области беа избрани трите најдобри еко фотографии. Нашите ученици покрај пофалници за учество освоија и награда. Третонаградената еко фотографија и припаѓа на Делфина Апостолска 9 одд. под менторство на наставничката Кети Иваноска. Претседателот на МЕД лично ќе дојде да ја врачи наградата.

Највисока оценка на извршената интегрална евалуација

najvisoka-ocenkaООУ„Гоце Делчев“-Прилеп, оценето со НАЈВИСОКАТА оценка на извршената интегрална евалуација од Државен просветен инспекторат.

Повеќе...

Страница 1 од 8

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 Следно > Крај >>