Новогодишен базар

Новогодишен базар

февруари 5, 2019 0 By admin

По повод Новогодишните и Божиќните празници се одржа Новогодишен базар со учениците од паралелките во нашето училиште. Секоја паралелка на сопствен штанд ги изложи претходно подготвените изработки со тема од Нова година и Божик реализирани во рамките на воннаставните активности.

Продажната изложба во голем број ја посетија родителите на учениците. Активностите поминаа во весело дружење на учениците од различни возрасни групи и поддршка од наставниците и родителите на ангажирањата од ваков вид преку кои се развиваат голем број на знаења и вештини.

Коментари