НАСТАВА ПРОЕКТИ "Со мултимедијална едукација до здрави животни стилови" Со мултимедијална едукација до здрави животни стилови

Со мултимедијална едукација до здрави животни стилови

Два мултимедијални проекти со ист назив: 

                „Со мултимедијална едукација до здрави животни стилови“   

               под мотото „Заедно за среќно и безбедно детство“

    презентирани по иницијатива на Општински совет за превенција од малолетничко престапништво-        Прилеп   

                                                            

со ученици од одделенска и предметна настава во ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп во присуство на поканети гости: родители, наставници, професори, стручни тимови, воспитувачи, претставници од Локална самоуправа – Совет на Општина Прилеп, Советник за образование на Општина Прилеп, други стручни лица од подрачјето на образование и заштита на децата одржани на ден   4, 5. 10.2012

Презентацијата е одржана од страна на м-р Биноски Миле

Проектните активности наменети за ученици од I до V одд. и за ученици од VI до IX одд. се усогласени со барањата на трите развојни периоди на децата во основното образование и го следат нивниот мисловен процес започнувјќи од преминот на предоперативно ниво на мислење кон степенот на конкретни операции (од 6 – 9 години), потоа продолжување на процесот на континуирано усвојување на ново искуство и знаење и развивање на нивните способности и мислења што е помалку зависно од конкретното искуство (од 9-11 год.) како и развивање на способностти за апстрактно мислење (во третиот развоен пероид (од 11 – 14 години).

На  сите деца без оглед на потеклото и способностите,  им требаат вештини што ќе им овозможат да ги користат своите знаења за да практикуваат здрави облици на однесување и да ги избегнуваат оние што се закана за нивното лично, емоционално и социјално здравје.

Преку проектните активности на децата им се овозможуваше стекнување на определени ставови, знаења и вештини кои им помагаат да изберат и да практикуваат здраво однесување наместо само да учат што тоа значи.

Примената на партиципативни методи на учење и поучување ги правеа децата активни учесници во процесот на учењето и овозможуваа тие да не бидат само пасивни примачи на информации. Покрај определувањето на вештините кои децата требаше да ги совладуваат од исто значење беа и методите со кои се поучуваа. Активните методи и пристапи овозможуваа децата да учат низ искуство за тоа како би требало да се постапува на соодветен начин кога ќе се најдат во конкретна ситуација. Воочливи беа поголем број на придобивки од примената на активните методи на учење и поучување:

-          поттикнување на размена на мислења

-          заедничко доаѓање до заклучоците и извлекување на пораките од активностите

-          стекнување на вештини за комуницирање и меѓусебно почитување

-          активирање на секое дете преку споделување на сопственото искуство и искажување на сопственото мислење

-          презентирање на информациите на интересен начин кој им помага на децата полесно да разберат и да запомнат

-          овозможување да се воведат потешки и чувствителни теми

-          преку критичка анализа на даденото однесување да се поттикне алтернативно однесување

-          поттикнување критичко или креативно мислење

-          помагање да се поврзе апстракното знаење со конкретнин ситуации од реалноста

-          развивање на практични вештини и вештини за посматрање

-          придонесување полесно да се запомнми пораката

-          овозможување учество на сите деца и развивање на самодовербата кај нив

-          поттикнување на активности кои бараат од децата да размислуваат и да одлучуваат

Овие мултимедијални проекти ја интензивираа соработката помеѓу учениците, наставниците и родителите бидејки ги остваруваа целите интегриративно  имајќи ја во предвид важноста на поучувањето во кое ученикот е ставен во ситуација да усвојува модели на однесување својствени за живот и работа во проширен социјален простор, да го учи социјалното живеење преку негување на флексибилен однос кон другите, грижа за нивното здравје и  напредување, толеранција и разбирње на туѓите ставови, развивање чувство на припадност и заедништво, усвојувањe на социјални норми во однесувањето и сл. 

100 5956100 5962100 5974100 5968