НАСТАВА

Наставата овозможува да се остварат основните образовни и воспитни активности со учениците во училиштето. Во наставниот процес учениците на најорганизиран начин се здобиваат со знаења , умеења и навики.Наставата се изведува според програми за задолжителни и изборни предмети што се изучуваат според наставниот план за основното училиште.

Дополнителна настава

За учениците кои имаат  тешкотии во учењето по одделни наставни предмети се организира дополнителна настава која се изведува во наставната година , а по потреба и по завршувањето на наставата , како продолжителна настава.

Повеќе...

Додатна настава

За учениците кои што во текот на задолжителната настава и низ другите видови на воспитно - образовната дејност покажуваат зголемен интерес и склоност за одделни наставни предмети и поседуваат потенцијални способности за стекнување на продлабочени знаења од односната наставна дисциплина се организира додатна настава.