НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ ВО ООУ„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ПРИЛЕП

НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ ВО ООУ„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ПРИЛЕП

декември 18, 2018 0 By admin

1. Меѓународен ликовен конкурс „Да делуваме за Свет Без Глад“- организација за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО)

Во 30 најуспешни од РМакедонија

– Мартин Бошкоски, ментор Снежана Дукоска

– Леонида Ристеска, ментор Снежана Дукоска

– Софија Ѓорѓиоска, ментор Татјана Јованоска

2. Награди по природни науки и хемија

На овогодинешната манифестација “Ноември месец на науката” која има цел за популаризација на природните науки, како и секоја година учествуваа и учениците од ООУ “Гоце Делчев”. На научната манифестација, учениците се натпреваруваа во изработка на демонстрации и експерименти. На 10.11 успешно претставување имаа учениците од Vг одд. кои се натпреваруваа во категоријата Природни науки за петто одделение. Емили Иваноска, Софија Димитриеска и Михаил Ѓорѓиески се наградени со втора награда.

На 17.11 се во многу жестока конкуренција се натпреваруваа хемичарите од VIII и IX одделение и освоја вкупно пет награди. Прва награда освои Елена Пиловска, втори наград- – Катерина Ѓорѓиоска и Марија Макреска, трети наград – Матеа Манџикоска и Андреа Димеска.

„Задоволна сум од постигнатиот успех. Работевме посветено и со многу љубов, мотивирани да успееме да се пласираме меѓу првите најдобри на манифестацијата“ – ментор Кети Иваноска

Младите хемичари во понеделникот на 12.11 гостуваа во емисијата “Ѕвон” која се емитува на МТВ1 каде што зборуваа за своите подготовки како и успесите постигнати на натпреварите.

3. Општински ликовен натпревар „Јаболко,јаболко-донеси ни здравје“- ООУ„Блаже Конески“

– Софија Крстеска – прво место, ментор Сузана Здравеска

4. Меѓународен ликовен конкурс „13 Ноември“-Скопје, Детски ликовен центар

Одделенска настава

Борјан Петрески – прво место, ментор Марија Велјаноска

Емили Пееска – второ место, ментор Сузана Здравеска

Предметна настава

Вера Спиркоска – прво место, ментор Филип Перески

5. Општински литературен конкурс од Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп

Леонид Иваноски – трето место, ментор Александра Андоноска

6. Општински натпревар во ракомет- ФСМ

Женска ракометна екипа – второ место, ментор Ристо Тошески

7. Општински натпревар во футсал- ФСМ

Женска екипа – второ место, ментор Ристо Тошески

8. Меѓународен ликовен конкурс „13 Ноември“-Скопје, „Флора и фауна“- Детски ликовен центар

Одделенска настава

Сара Цветаноска – прво место, ментор Силвана Белушанец

Сара Цветаноска –трето место, ментор Силвана Белушанец

Јован и Јована Котевски – второ место, ментор Божана Тасеска

Бисера Гаралоска – второ место, ментор Жаклина Ристеска

Предметна настава

Меланија Неделковска- прво место , ментор Филип Перески

9. Државно првенство во стрелаштво

Мартин Димитриески – второ место, ментор Ристо Тошески

Директор,

Веле Ѓорѓијоски

Ноември 2018

Коментари