Грижа за здравјето на учениците

април 13, 2013 0 By admin

Здравственото образование на учениците треба да биде приоритет не само заради самото здравје , туку и од гледна точка на самиот образовен систем – за да можат децата да учат треба да се здрави. Целта на програмата за здравствената заштита и здравственото воспитување е оспособување на учениците и вработените во училиштето и локалната заедница за превземање на акции за поздрав живот , училиште и средина.

Задачи:

  • Обезбедување на оптимални услови во училиштето за реализација на програмата за здравствена заштита и здравствено воспитување како и унапредување на здравјето и психофизичкиот развој на учениците ;
  • Зголемување на фондот на здравствените знаења и формирање на здравствено-хигиенски навики и ставови кај учениците ;
  • Превземање на хигиено-епидемиолошки и превентивни мерки за подобра здравствена заштита на учениците.

Коментари