Еразмус + LIFE /Љубовта е за сите

февруари 25, 2019 0 By admin

Опис на проектот

Живеејќи во општество коешто постојано се менува, се наоѓаме во тешки ситуации кога се соочуваме со мешање со различни луѓе и различни култури. Денешново општество треба да се прилагоди и да научи како да живее во хармонија.За жал на поголемиот дел од луѓето им недостига емпатија и разбирање кон помалку привилегираните или едноставно кон различни култури / луѓе/ верувања. Имено, земјите вклучени во ова партнерство Романија,Шпанија,ФИРОМ,Хрватска, Италија и Кипар се од тој дел на Европа каде што е присутна миграцијата.

Општа цел:

* Да промовира културни вредности коишто ја поттикнуваат соработката меѓу ученици од различни земји со цел подобрување на општиот став што ја опфаќа социјалната инклузија, различноста, родовата еднаквост и недискриминацијата за да се намали нивото на нетолеранција за 15% .

Конкретна цел:

1.Да се развие стратегија за зацврстување на заедничката почит и разбирање кон помалку привилегираните, толеранција кон обесправените групи и луѓе со посебни потреби.

2.Да се зацврсти самоувереноста кај женските ученици, да ги следат нивните професионални цели за да постигнат полова еднаквост на сите полиња.

3.Учениците, наставниците , мигрантите, имигрантите да споделат знаење и да ги прифатат разликите во културите.

4.За наставниците да научат како да ги прилагодат наставните материјали и да работат со поединци, а не само со групи ученици според нивните потреби.

5. Да се зголеми мотивацијата на учениците, за учење и користење странски јазици и ИКТ.

Нашите цели произлегуваат од приоритетите на Ерасмус + програмскиот водич коишто се однесуваат на инклузија,различноста, еднаквоста, половата еднаквост, недискриминација на полето на образованието.

Според тоа целните групи во училиштата се соочуваат со тешкотии како :

-Училиштето во Шпанија има ученици од Јужна Америка,Северна Америка,Кина, Пакистан и Романија.

-Сицилија,Италија треба да се соочат со многу имигранти од Сирија

-Во Романија потребите се идентификувани според анализа на статистиките од училишниот секретар во однос на бројот на ученици од рурални места,од странство(Република Молдавија), ученици со родители коишто работат во странство, баланс помеѓу момчиња и девојчиња и бројот на насилство којшто е забележан во училиштето.

На учениците им беше даден прашалник којшто требаше да го покаже нивото на образование на родителите, нивото на невработеност и планирањето на ученичките да го продолжат нивното образование.

Статистиките што беа анализирани покажаа дека има загрижувачки пораст на насилството во нашето училиште ,посебно кон мигрантите и лицата со попречености и слаба толеранција меѓу нив.

Резултати од овој прашалник покажаа висока стапка на невработеност меѓу мајките на нашите ученици особено ниско ниво на образование и слаба мотивираност и охрабрување на женските ученици од тие семејства да продолжат со образованието и да градат кариера.

Коментари