Erasmus + Street / Улица

Erasmus + Street / Улица

февруари 25, 2019 0 By admin

Опис на Проектот

Учењето на странски јазик ни помага да ги разбереме другите култури и да направиме споредба.Секој јазик покрај културните елементи на неговата нација, има свој ритам и дух. Денес , англискиот јазик стана “светски јазик” којшто се зборува скоро со секоја земја. Според тоа учењето на странски јазик во Турција е фокусирано на англискиот јазик . Учениците што го учат странскиот јазик во нашата земја не можат ефективно да го користат во секојдневието бидеќи предавањето на странските јазици е повеќе теоретски отколку практично. Сепак, ние треба да го прилагодиме моделот на учење според секојдневното искусто, а не механички. Учењето на модел заоснован на секојдневното ускуство ги подготвува учениците когнитивно и ефективно.

Според сите овие информации основа на овој проект е учењето низ искуство. Проблемите со кој што се среќаваме во текот на учењето на странски јазик се: неразвивање на комуникативните вештини на учениците поради фокусирање на граматичката структура, не пренесување на странскиот јазик во вистински секојдневни ситуации поради тоа што активностите им се ограничени на одговарање на прашања со неколку опции, пополнување на празни места или поврзување , мали број на вокабулар којшто го учат учениците и нивната неможност да ги применат овие вежби во ситуации од секојдневниот живот, проблеми со изговорот , немање на доволно вештини за да се пренесе знаењето од секојдневниот живот на нивниот странски јазик, метод на предавање на странски јазик којшто нема употреба во секојдневниот живот, неможност на учениците да комуницираат на странски јазик и покрај десет годишното учење на странски јазик со денешните методи и техники. Со овој проект, ние целиме кон предавање на странски јазик без меморизирање на стуктурите или фразите, туку со пристап којшто е занован врз процесот на усвојување на мајчиниот јазик,

Како што нашите ученци ги зголемуваат постигнувањата на другите часови, тие ќе ги применат потребните вештини за користење и на англискиот јазик во секојдневието.

Со автентичната средина која што ние ќе ја создадеме нашите ученици ќе се чувствуваат по самоуверени,со помалклу стрес и подготвени за учење.

Ние целиме кон предвање со методи како што се :играње на улоги ,промена на улоги, драма, што би направил?, за да го засакаат и зборуваат англискиот јазик.

Според истражувањето класичното учење на странски јазик се заснова на граматички структури. Сепак, учениците секогаш се прашуваат : Што ќе правиме ние со ова знаење? Ние не можеме да очекуваме поединци да бидат успешни

ако тие постојано се загрижени за тоа како ќе го пренесат во пракса, јазикот кој што го учеле теоретски, со други зборови ако не веруваат на учењето.

Затоа намерата на овој проект е да овозможи нашите ученици да го учат странскиот јазик како комуникативна лингвистичка вештина, во училница опремена со комуникативни материјали, каде што учениците се чувствуваат удобно и имаат замислено прашања, не се двоумат за тоа која граматичка структура да ја користат, а наставникот повеќе е набљудувач отколку , предавач, грешките не ги поправа предавачот туку самите ученици .

Учениците треба да бидат оспособени да го користат странскиот јазик во секојдневието, на пример, тие треба да можат да јадат, да се сместат, да пазарат, да прашаат за адреса или насока, да читаат весници, со други зборови да го оживеат јазикот кога се во странство .

Erasmus + Street е основан целосно за овие потреби и цели.

Ние веруваме дека можеме да го зголемиме квалитетот на образованието за стански јазици во соработка со меѓународни партнери. Ние сме свесни дека оваа соработка ќе биде пристутна во секоја област во нашето училиште, не само соработка за странски јазици.

Ние веруваме дека партнерствата како што се Ерасмус + и е-Twining може да придонесат кон приспособување на европските вредности во училиштата и ќе донесат нови перспективи во образованието. Ние веруваме дека овој проект ќе служи како отскочна даска за забрзување на образовните активности. Бидејќи беше невозможно да го оствариме овој вискоко квалитетен проект со ограничените средства од нашето уличиште ние одлучивме да почнеме проект од Европската унија, тоа е Еразмус + Стрит , кој што ќе ни овозможе да се движими од класични методи до комуникативни методи во предавањето на странскиот јазик.

Овој иновативен пристап бара различни гледишта од новите земји за да постигне едно меѓународно гледиште. Ние одлучивме да работиме на методите за предавање на странски јазици во земји со иновативни пристапи.

Сакавме да ги подобриме образовните техники на учење на странски јазик во училиштата преку воведување на Еразмус + Стрит преку меѓународни средби за мобилност и LTT активности кој ќе се одржуваат во секоја земја.

Коментари