E-Twining Одбележување на Европскиот ден на јазиците

Одбележување на Европскиот ден на јазиците

По повод Европскиот ден на јазиците (26.09.2013) учениците од трето одделение предводени од наставничката Александра Андоноска учествуваа во eTwinning проект Video greeting – European Day of Languages (Видео поздрав – Европски ден на јазиците).

Во проектот беа вклучени 17 партнерски училишта од 12 земји : Македонија,Франција, Словачка, Грција, Латвија, Шпанија, Бугарија, Романија, Словенија, Полска, Шкотска и Турција. Целите на проектот се: да се запамети дека 26 Септември е Европски ден на јазиците ; да се запознаат други европски земји и децата кои таму живеат ; да се акцентира значењето на учењето на англискиот јазик; да им се покаже на малите деца дека и тие можат да креираат мал проект и да соработуваат со другите деца. Во продолжение можете да го погледнете клипот со кој се претставија нашите ученици, и клиповите од сите земји учеснички.

Video greeting from Macedonia - Видео поздрав од Македонија

Video greeting from Poland - Видео поздрав од Полска

Останатите видеа од одбележувањето на Европскиот ден на јазиците можете да ги погледнете ТУКА