Следете нè на:

Вести и настани

24 МАЈ – ДЕН НА СЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ

Дваесет и четврти мај се слави како празник на сесловенските просветители. Во историјата на секој народ има големи личности кои се создадени да обележат една цела епоха. Има личности кои со своите дела ќе се вивнат високо, ќе одекнат како татнеж, како веда. А за сите словенски народи такви личности се Кирил и Методија, основоположниците на словенската писменост и култура.

Родени се во Солун во угледно и богато византиско семејство, од татко Лав и мајка Марија. Најстариот од седумте деца, Методиј е роден околу 815 година, а најмладиот Константин 826/27 година. За животот и дејноста на двајцата просветители, св. Кирил и св. Методија сведочат „ Панонските легенди“, први оригинални дела напишани на словенски јазик, дела што настанале непосредно по нивната смрт со цел да се зачува за потомството споменот на основоположниците на словенската просвета и богослужба, на нивниот животен и трнлив пат при афирмацијата на говорниот јазик на Македонските Словени од Солунско. Од „Житието за св. Кирил“ и „ Житието за св. Методија“ што се составен дел на „Панонските легенди“, дознаваме дека историското дело на солунските браќа своја примена ќе доживее кај Сарацените и Хазарите, но и во далечната Панонија и Моравија каде Кирил и Методија со зборот и книгата војуваа против гнетот, против секоја злоба, секаде каде што ги чекаше тријазичната ерес. Пред тргнување за Моравија младиот талентиран монах и филозоф Константин- Кирил ќе им сплете на Словените најубав венец- азбуката глаголица. Бледата светлина на свеќата и самотните камени ѕидишта на манастирската ќелија ги впиваа зборовите што ги шепотеа кириловите усни, а перото ги редеше знаците: аз, буки, веди, глаголи…И блесна светлост меѓу родот словенски кој во мрак живееше долго.

Потоа Житијата го опишуваат преводот на некои црковни книги од грчки на словенски јазик, успешната мисија во Моравија и блескавата одбрана на словенскиот јазик кој го заслужува местото меѓу другите јазици: латинскиот,германскиот и грчкиот, оставајќи силни следбеници какви што беа нивните ученици: Климент, Наум, Сава, Ангелари. Уморен од напорната работа, учителот на словенскиот род , Кирил, пред да ги склопи очите му порача на својот брат: „Е, брате, јас паднав…Доорај ја браздата наша, делото нека пламти со љубов вечна!“- и неговите посмртни останки останаа засекогаш во вечното почивалиште, во црквата Св.Климент, во Вечниот град, Рим, 869 год. А Методија подоцна пред смртта, 885 год во Моравија, ја соопштува одлуката Горазд да биде негов наследник.

Оттука и огромната почит што на овие учители им се оддава кај сите словенски народи од денот кога умираат, до денешни дни. А делата на словенските писатели, нанижани како бисер во светската литература, сведочат за топлите зраци на сонцето кое ги грее сите Словени подеднакво, за дождот што ја облагородува словенската земја, за воздухот што го вдишуваат сите Словени, добивајќи еднаква и убава култура, за мисијата што успешно ја завршија солунските браќа, Кирил и Методија и нивните ученици.

„24 МАЈ – ДЕН НА СЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ“

24 МАЈ – ДЕН НА СЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИДваесет и четврти мај се слави како празник на сесловенските просветители. Во историјата на секој народ има големи личности кои се создадени да обележат една цела епоха. Има личности кои со своите дела ќе се вивнат високо, ќе одекнат како татнеж, како веда. А за сите словенски народи такви личности се Кирил и Методија, основоположниците на словенската писменост и култура.Родени се во Солун во угледно и богато византиско семејство, од татко Лав и мајка Марија. Најстариот од седумте деца, Методиј е роден околу 815 година, а најмладиот Константин 826/27 година. За животот и дејноста на двајцата просветители, св. Кирил и св. Методија сведочат „ Панонските легенди“, први оригинални дела напишани на словенски јазик, дела што настанале непосредно по нивната смрт со цел да се зачува за потомството споменот на основоположниците на словенската просвета и богослужба, на нивниот животен и трнлив пат при афирмацијата на говорниот јазик на Македонските Словени од Солунско. Од „Житието за св. Кирил“ и „ Житието за св. Методија“ што се составен дел на „Панонските легенди“, дознаваме дека историското дело на солунските браќа своја примена ќе доживее кај Сарацените и Хазарите, но и во далечната Панонија и Моравија каде Кирил и Методија со зборот и книгата војуваа против гнетот, против секоја злоба, секаде каде што ги чекаше тријазичната ерес. Пред тргнување за Моравија младиот талентиран монах и филозоф Константин- Кирил ќе им сплете на Словените најубав венец- азбуката глаголица. Бледата светлина на свеќата и самотните камени ѕидишта на манастирската ќелија ги впиваа зборовите што ги шепотеа кириловите усни, а перото ги редеше знаците: аз, буки, веди, глаголи…И блесна светлост меѓу родот словенски кој во мрак живееше долго. Потоа Житијата го опишуваат преводот на некои црковни книги од грчки на словенски јазик, успешната мисија во Моравија и блескавата одбрана на словенскиот јазик кој го заслужува местото меѓу другите јазици: латинскиот,германскиот и грчкиот, оставајќи силни следбеници какви што беа нивните ученици: Климент, Наум, Сава, Ангелари. Уморен од напорната работа, учителот на словенскиот род , Кирил, пред да ги склопи очите му порача на својот брат: „Е, брате, јас паднав…Доорај ја браздата наша, делото нека пламти со љубов вечна!“- и неговите посмртни останки останаа засекогаш во вечното почивалиште, во црквата Св.Климент, во Вечниот град, Рим, 869 год. А Методија подоцна пред смртта, 885 год во Моравија, ја соопштува одлуката Горазд да биде негов наследник.Оттука и огромната почит што на овие учители им се оддава кај сите словенски народи од денот кога умираат, до денешни дни. А делата на словенските писатели, нанижани како бисер во светската литература, сведочат за топлите зраци на сонцето кое ги грее сите Словени подеднакво, за дождот што ја облагородува словенската земја, за воздухот што го вдишуваат сите Словени, добивајќи еднаква и убава култура, за мисијата што успешно ја завршија солунските браќа, Кирил и Методија и нивните ученици.

Posted by ООУ "Гоце Делчев" – Прилеп on Sunday, May 24, 2020

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани